Автомобил удрил во возилото на Зоран Заев

Од:

Автомобил удрил утринава во возилото на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дознава А1он.

Во моментот на сообраќајката со возилото управувал возачот на Заев, а во него била уште сопругата на возачот на претседателот на СДСМ. Заев не бил во автомобилот.

Во возилото се судрило друго возило кое се движело со голема брзина.Шоферот ја носел неговата сопруга во село, за да биде денеска со претседателот на СДСМ. Одејки натаму возило удрило во автомобилот. Тој од другото возило возел со голема брзина, од спротивна улица доаѓал, повеќемина биле внатре.

Возилото е удрено од страна на возачот, сопругата негова седела позади.

Автомобилот во којшто биле возачот на претседателот Заев и сопругата на возaчот е автомобилот во кој се вози претседателот на СДСМ, Ауди А8, кој е многу оштетен. Жената е повредена, со набиеници, и со скршено ребро и е во струмичката болница.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!