Автоматска пушка исчезна од полициската станица Карпош, кривична за полицајка

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д.. По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Исто така, на 11.01.2025 повторно била извршена контрола во магацинските простории во Полициската станица Карпош во присуство на раководните полициски службеници во станицата и од Одделот за внатрешна контрола, при што повторно било констатирано дека недостасувала една автоматска пушка и дека пристап до клучот за магацинот имала само ракувачот со материјално-технички средства на Полициската станица Карпош, пријавената А.Д.. Со овие дејствија пријавената го сторила делото за кое е поднесена пријавата“ – велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полицајката ќе биде суспендирана од своето работно место до завршувањето на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

30-годишен гостиварец се шетал со автоматска пушка, сега заработи пријава

Малолетник прободел со нож 19-годишник на автобуска постојка во Скопје

А1он

Во Гостиварско при претрес пронајдени автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради протестен марш

Листите на адвокати по службена должност во полициските станици во Скопје стари по 12 години