Во Гостиварско при претрес пронајдени автоматски пушки и муниција

Од:

Две лица се уапсени откако полицијата денеска, по добиена судска наредба, изврши претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во гостиварското село Ломница.

Како што соопшти МВР, при претресот од лицето С.Ф., татко на Е.Ф., пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.

Претресот го извршила Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

„Извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он