Автобусот е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Од:

Автобусот кој рано утринава направи сообраќајна несреќа во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 45 лица, е на „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул.

Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија од Турција.

Претходно, и премиерот Зоран Заев за МИА изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години.

– Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија, изјави Заев кој заедно со министрите за здравство и за надворешни работи се пред Софија каде ќе ги посетат преживеаните во несреќата.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021