АВМУ почна мониторинг на медиумското известување за Локалните избори

Од:

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ), согласно Изборниот законик, денеска почна мониторинг на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2017.

АВМУ соопшти дека до сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик до коишто треба да се придржуваат до започнувањето на изборната кампања. Ќе се одржат и посебни обуки. За начинот на известување на радиодифузерите Агенцијата ќе објавува извештаи за секој период од десет дена.

Методологијата за мониторинг и Изборниот законик се достапни на веб-страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) во посебниот банер Избори 2017, каде ќе се објавуваат сите информации поврзани со локланите избори.

Од вчера, кога беа распишани изборите, тече рокот од пет дена во кој сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања треба да ги утврдат и достават ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (преку архива или на електронската адреса [email protected]), како и до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски