Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашните протести против пресудата за случајот „Монструм“ се вели во соопштението од АВМУ.
„Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи. Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес“ – велат од Агенцијата.
Осуда за нападите на навинарските екипи за време на протестот дојде и од Владата од каде најавија спроведување постапки овие дела да бидат институционално расчистени.