АВМУ: Најостра осуда за недоличниот однос на директорот на топланата Скопје-Север кон новинарката Додевска

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува недоличниот однос на директорот на топланата Скопје-Север, Куштрим Рамадани кон новинарката Катерина Додевска на порталот „МКД.мк“.

„Упатувањето вулгарни навреди во ниту еден случај не смее да биде начин на комуникација на носителите на јавни фунцкии, затоа што со самото прифаќање на позицијата нивната работа е предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите. Истовремено тие треба да бидат свесни дека имаат одговорност за секој искажан збор и дека мора да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација.

Попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање. Неопходно е на медиумските работници да им се овозможи професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред се, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи“, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава