АВМУ ја отвори јавната расправа за нацрт-упатство за платеното политичко рекламирање за локалните избори

Од:

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница го усвои нацрт-упатството за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021.

Како што соопштија од (АВМУ), во него се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Од Агенцијата информираат дека јавната расправа е отворена до 16 септември.

Агенцијата ги повика сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници и советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата „[email protected].“

Оттаму посочуваат дека нацрт-упатсвото за платено политичко рекламирање за локалните избори е достапно на нивната веб страна.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски