АВМУ и ДИК се состанаа во врска со претстојните избори

Од:

Членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржаа состанок за меѓусебно информирање и продолжување на соработката во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Соработката меѓу Агенцијата и ДИК се заснова на Меморандумот за соработка потпишан во февруари оваа година.

– Имаме очекувања таа одлична соработка што беше во април и мај да продолжи. Ние многу сме им благодарни на ДИК затоа што во многу наврати кога имавме правни дилеми ни излезе во пресрет со толкувања на Изборниот законик и ни помогна да донесеме вистински одлуки. Помошта која што би ни била потребна евентуално овој значаен период кога треба да се спроведат изборите на 11 декември, да заврши политичката криза, соработката ќе биде неопходна, помошта неоходна. Ќе дадеме максимум и како Агенција и како ДИК да не бидеме никаква пречка за спроведување фер и демократски избори, изјави директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски.

Освен правната рамка и институционалните капацитети, според претседателот на ДИК Александар Чичаковски, меѓусебната соработка меѓу институциите е клучен фактор за обезбедување услови за слободни и фер избори.

Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата повторно започна да и доставува на ДИК седмични извештаи за сите преземени активности. Со почетокот на кампањата ќе се испраќаат дневни извештаи. Сите материјали добиени од Агенцијата, ДИК ги објавува на својата веб страница.

За поедноставен проток на информации, Агенцијата на својата веб страница постави банер за Изборите во декември 2016 година, во кој ќе бидат објавувани сите извештаи кои се доставуваат до ДИК, како и документи, материјали, податоци и информации во врска со изборниот процес, вклучувајќи ги и извештаите од мониторингот и од констатираните прекршувања и предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување. До сите членови на ДИК и до генералниот секретар, информациите како и досега ќе се доставуваат по електронска пошта.

Во сабота, како што рече Трајчевски, ќе биде готов новиот Извештај од мониторингот на медиумите, што ќе биде доставен до ад хок телото, кое има рок од три дена да се произнесе за него. Досега до Агенцијата нема поднесено претставки во врска со известувањето на медиумите, освен, како што кажа првиот човек на Агенцијата, претставка од еден медиум којшто беше спомнат во негативен контекст од страна на еден член на Привременото тело.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски