Авионските резервации за Истанбул може да се презакажат или да се направи поврат на средствата

Од:

Патниците кои имаат резервирано билети за летови од и до аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули ќе може да направат пререзервација без никаков надомест или да им бидат вратени целосно парите за неискористените билети.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска соопшти дека продолжувањето на валидноста на авиобилетот може да се направи до 31 јули.

Од „Туркиш ерлајнс“ информираат дека аеродромот „Ататурк“, кој беше цел на терористички напад, не е затворен за сообраќај, а летовите се реализираат со смален капацитет.

Подетални информации може да се најдат на официјалниот веб сајт на „Туркиш ерлајнс“.

Поради вонредната состојба, вечерниот лет Истанбул-Скопје-Истанбул е откажан.

На аеродромот „Ататурк“ беше извршен троен самоубиствен бомбашки напад во кој според последните информации загинаа 41 лице и 239 се ранети. Овој аеродором годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.

Би можело да ве интересира

Откажани 9 лета на скопскиот аеродром поради густата магла

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски