Аукција на архивски вина во Демир Капија

Од:

Аукција на архивски вина се одржа денеска во Демир Капија во рамки на манифестацијата за одбележување на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите.
На аукцијата организирана од страна на локалната самоуправа учествуваа амбасадори, претставници на министерства, бизнисмени, угостители.

– Како што можеше да се види на аукцијата се собрани 80 илјади денари. Се продадоа 24 шишиња архивско вино од повеќе винарии. Најстарото од 1982 година, „Тешкото”, го купи градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев.

Најскапо, 14 илјади денари беше платено виното „Вранец” произведено од „Бовин” во 1988 година, а го купи Петар Николов, директор на Специјалниот завод во Демир Капија.
Собраните средства од аукцијата традиционално се донираат за Специјалниот завод во Демир Капија.

Би можело да ве интересира

НФФ бара „вранецот“ да се откупува за 17, а „смедеревката“ за 16 денари по килограм

А1он

МЗШВ: Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

Токај Асу – најскапото вино на светот

Ана Ололовска

Десет македонски винарници на саем во Дизелдорф

Ана Ололовска

Тиквешките лозари протестираа поради неплатено грозје од пред неколку години

Наум Локоски

Активисти бараат промена на името на виното Цвајгелт

Ана Ололовска

Leave a Comment

three × 4 =