Атанасовски: На 27 април бев да гледам ракомет

Од:

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски денеска беше донесен од притвор по повик на обвинетиот Александар Василевски Нинџа да сведочи за случувањата од 27 април.

Атанасовски изјави дека Александар Василевски Нинџа лично го познава од пред 2 и пол години, случајно се сретнале во теретана. Поточно две недели пред да стане директор на УБК.

Атанасовски рече дека на 27 април 2017 година до 18 часот бил на работа, а потоа отишол да гледа ракометен натпревар. Тој не сакаше да каже дали обвинетиот Александар Василевски Нинџа бил вработен во УБК повикувајќи се на класифицирани информации.

– На прашањето дали Александар Василевски Нинџа работел за службата морам да се повикам на делот од ЗКП за тајност на податоци. Може да се обратите во самата институција да побарате декласификсција на информацијата, рече Атанасовски.

Запрашан од судијката Добрила Кацарска колку средби имал со Нинџа, Атанасовски рече “не знам како да ви одговорам на ова прашање”.

На прашањето дали на 27 имал некакви сознанија што ќе се случува, Атанасовски изјави дека за упадот дознал дури кога толпата влегла во Собранието.

-Упадот во Собранието го констатираше работната група во рамки на МВР која работеше на расветлување на настаните. Јас знам медиумски колку што имам прочитано.Јас дознав дури кога толпата влезе во Собрание. Друго може да се обратите во УБК, рече Атанасовски.

Тој додаде дека МВР формирала оперативен штаб во однос на протестите “За заедничка Македонија” и дека УБК постапувала по однос на заклучоци од штабот согласно оперативната акција која била отворена.

Владимир Атанасовски беше посочен од страна на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, но и од други обвинети дека е главниот организатор на упадот во Собранието на 27 април. Обвинетиот Нинџа претходно кажа дека Владимир Атанасовски на 27 април се наоѓал во штабот на ВМРО ДПМНЕ од каде била координирана целата акција.

Атанасовски по исказите на обвинетите Михаил и Стефан Младеновски каде беше посочен како организатор, беше притворен во затворот во Шуто Оризари по барање на Јабното обвинителство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он