Атанасов: Контролите засилени, граѓаните да купуваат храна исклучиво од регистрирани објекти

Од:

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.

Како што изјави за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, се проверува дали се почитуваат основните и посебните услови за дистрибуција на храна, правилата на Добра производствена и хигиенска пракса, како и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19.

-Во услови на зголемена побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, како одговорна институција за безбедноста на храната, до граѓаните упатуваме апел да внимаваат на безбедноста, односно да купуваат храна исклучиво во објекти кои се регистрирани и одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и кои ги исполнуваат условите за хигиена дефинирани со Законот за безбедност на храната и прописите кои произлегуваат од него.

Во однос на купувањето храна во маркетите, Атанасов апелира потрошувачите да обрнат внимание на рокот на употреба на производите, бидејќи е можно на пазарот да се пласираат и небезбедни производи со изминат рок.

-Поради набавката на поголеми количини храна, што е евидентно деновиве, апелираме да се внимава и на запазување на таканаречениот ладен синџир, храната соодветно да се чува и правилно да се ракува со неа. Ги информираме потрошувачите дека во потполна функција е интегрираниот систем за контрола на безбедност на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство, односно од страна на инспекциските служби на АХВ контроли се вршат во сите фази на производството, преработката и трговијата со храна. На бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 и на електронската адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство [email protected], граѓаните можат да ја пријават секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, потенцира директорот.

Според него, и граѓаните и компаниите од прехранбениот сектор треба да се придржуваат до мерките на Владата и препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на заразата од вирусот КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски