Асфалтирање на улици во шест населени места во општина Кочани

Од:

По завршувањето на подготвителните работи, општина Кочани започнува со асфалтирањето на улици со вкупна должина од 1.200 метри во шест населени места.

Градежните активности се дел од годишната програма за изградба и реконструкција на локалната сообраќајна инфраструктура, со која е предвидено асфалт да добијат улици во селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање.

– Локалната самоуправа веќе склучи договор со изведувачот „Коп инженеринг“ од Студеничани и по воведувањето во работите започнува комплетирањето на улиците во населените места од рамничарскиот дел на општината. Се очекува поставувањето на асфалтниот слој да заврши во рок од околу еден месец, соопштија од Одделението за уредување на градежно земјиште.

Станува збор за сервисни улици со просечна должина од 150 метри и широчина од три метри, на кои претходно беше поставена водоводна и фекална канализација.

За изградбата на овие улици се наменети над два и пол милиони денари од Буџетот на општина Кочани.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно