Асфалтирани улици во шест населени места во општина Кочани

Од:

Локалната самоуправа на Кочани го комплетираше проектот за изградба и асфалтирање улици во шест населени места во општината, за што од сопствениот буџет потроши близу 2,7 милиони денари.

Се работи за сообраќајници на кои претходно беше изведена водоводната и канализациската инсталација, со што на дел од жителите на селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Долни Подлог, Горни Подлог и Тркање им е обезбедена потребната комунална инфраструктура.

-По завршувањето на улиците во селата, во тек се градежни работи на два крака на улиците „Стамен Манов“ и на „Вера Которка“ во Кочани, а наскоро се очекува да започне асфалтирањето на улицата „Новопроектирана 1“ и реконструкцијата на дел од улицата „Јени Фоча“, и двете во зоната Лесна индустрија. Исто така, во фаза на подготовка е тендерската документација за изградбата на улицата „Кресненско востание“, истакна Влатко Димитров, раководител на секторот за урбанизам.

Со постојана комуникација со месните заедници, стручните служби од општината ги следат потребите за инфраструктурни зафати и во другите населени места. Од Секторот за урбанизам велат дека на местата каде просторот не овозможува да влезе механизација за асфалтирање, како што е случајот со селото Бели, ќе се врши бетонирање на улиците.

Истовремено со изградбата и асфалтирањето на сообраќајниците во населбите од низинскиот дел, поради честите врнежи во ридско-планинските села во тек е редовното пробивање и прочистување на патиштата.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно