А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Асани: Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеат Кочан

by А1он18/07/2019 - 13:4718/07/2019 - 13:561076
Share0

Минатата недела во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на Трансмет и Сеат Кочан. Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата. Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани.

Добивај вести на вибер

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

– Неофицијално можам да ви кажам бројки. Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на Трансмет односно Сеат Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот, рече Асани, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата на конфискувана стока на 26 институции.

Тој информира дека покрај ова има и 204 возила за кои побарале од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, бидејќи, како што рече, имаат сознанија односно документи дека 24 возила кои се со повисока парична вредност се заложени во неколку банки.

sead kocansjotrust

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 14:2420/07/2023 - 14:38

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски20/07/2023 - 10:4020/07/2023 - 10:54

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен