Асани и со дива амбуланта сè уште е директор на болницата во Струга, Филипче трет месец не го разрешува

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, трет месец не го разрешува Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга.

Во јануари годинава Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека Асани, дома, имал дива амбуланта во која вршел прегледи, откако пациентка го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез во болницата, дома си заминала без бубрег, јајчник и матка.

Од Министерството за здравство од јануари, кога случајот стигна во јавноста, не одговараат на прашањата дали и каква одговорност ќе побараат од Асани по откриената дива амбуланта во неговиот дом и поднесената кривична пријава. „А1он“ неколкупати побара одговори зошто за случајот на Асани не се постапува како и во останатите случи досега, кога директори беа разрешувани веднаш откако им беа утврдени нерегуларности, но ниту министерот, ниту неговата служба за односи со јавност, не одговорија.

Министерот Филипче, сепак, не молчи за се што е во врска со Асани. Тој вчера на јавноста и соопшти дека Асани не направил лекарска грешка кога на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска по породување со царски рез и извадил бубрег, јајчник и матка. Ваквата одлука на комисијата од Лекарската комора која го правеше стручниот надзор ја шокираше јавноста, па следуваа остри критики за Лекарската комора, за комисијата но и за министерот Филипче.

 

Би можело да ве интересира

Доктор на науки отпуштена од Здравство: „Новиот министер, штом влезе во кабинетот, ме избрка без причина“

Орце Костов

Лекарска комора: Заканата за безбедноста на лекарите е и закана за грижата за пациентите

Ана Ололовска

МЗ: Нема зголемување на цените на лековите од позитивната листа

Ана Ололовска

Сали: Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „трикафта“

Ана Ололовска

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата

Ана Ололовска

Осум пациенти ќе го добијат лекот „трикафта“, ќе следат законски измени за да добијат и другите

Ана Ололовска