Арсовски: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот нарко картел

Од:

Законот за марихуана кој Зоран Заев на сила го турка како предлог од Владата и кој сака да биде изгласан во Собранието има за крајна цел да го легализира бизнисот со марихуана на Заеви. Овој закон не е ништо друго туку личен закон за бизнисите на Заев што ќе му овозможи лично богатење нему и неговата фамилија рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Тоа го прави со нова злоупотреба на европското знаменце, иако нема унифицирана европска регулатива за ова. Со овој закон Заев сака да овозможи освен за масло од канабис за медицински цели, да се легализира и трговијата со сув цвет од марихуана, односно она за кое што беше уапсен началникот на прилепската полиција „Чипсио“, пред неколку месеци да стане нормално и секојдневие кое на фирмите на Заеви ќе им носи годишно милиони евра, чист приход и заработка. Ова што Заев сака да го направи е претворање на кланот Заев во нарко картел Заев од кој тој и неговите блиски луѓе енормно ќе се богатат на сметка на државата и граѓаните“ – рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога