Арсовски: Скафандер министерката стана скандал министерка

Од:

Во духот на протоколите кои власта на Ковачевски ги потпиша со Бугарија, скафандер министерката сака да наметне орвеловски свет во македонската култура. Се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ димче Арсовски.

– Таа без срам им порачува на македонските автори да не користат историски наратив во нивните дела, затоа што токму со протоколите кои ги имаат потпишано, Бугарија има право да посочува на некаков говор на омраза, кој само таа може да го види каде што постои, односно не постои. Врз основа на таквите видувања на Бугарија, македонската влада нема да смее да финансира ниту филмови, ниту романи, ниту пак песни. Ете затоа, скафандер министерката дава изјави во кои што јавно и јасно кажува дека се срами од македонската историја, од македонското творештво, кое според неа не враќало во некои мрачни времиња.

Арсовски вели дека најубавите дела во македонското културно творештво се на темата историја. Вели дека сите ги имаат прочитано и сите ги знаат, само министерката не ги прочитала.

– Нивото на познавање на политиката во културата на министерката, очигледно и очекувано е за недоволен еден. Впрочем, наместо унапредување на областа која што ја раководи, заштита на македонските интереси преку културата, од министерката гледаме и слушаме јавно погазување, негирање и цензурирање. Костадиновска единствено што е позната по скафандер како скафандер министерка сега веќе е позната како скандал министерка. Најважно во моментот е да престане да ја срами областа која што ја раководи и да се повлече и да си даде оставка рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ – Бени Шаќири ќе му биде советник на скопскиот градоначалник

А1он

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски