Арсовски: Хипокризија е обвинувањето на Ковачевски за криминални проекти, кога се дружел со тогашните функционери

Од:

Димитар Ковачевски не само што учествувал во настани поврзани со Скопје 2014, туку бил често друштво на тие кои ги обвинува за криминал. Архивските снимки кои ги виде целата јавност, медиумите, ги видоа сите, можеше и сам да ги види да се потсети што правел пред неколку години и архивските фотографии го потврдуваат сето она кое што го говориме рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Видно задоволен, можеби најрадосен за отворањето на проектите од Скопје 2014, во првите редови секогаш никогаш позади, Ковачевски уживал во друштвото со тогашните функционери, се смеел, аплаудирал и уживал. Едноставно му одговарало да биде помеѓу нив. Човек при вакви видеа и слики да помисли дали Ковачевски потоа со денови не си дека раката не си ја миел само за да го држи истото чувство откако се гледал со истите луѓе кои сега ги нарекува криминалци. Објаснувањето на СДСМ дека тој е само директор на компанија во тоа време, не држат затоа што имало и многу други директори, но никој како Ковачевски не бил толку често и толку непосредно и толку блиску до функционерите на власта. Веројатно затоа што друштвото му одговарало, а ова сега што го кажува е само хипокризија вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела