Арсовски: Дали Бухова и Министерството за здравство дозволиле очната болница на Промедика да врши дејност оперативни зафати без потребни лиценци?

Од:

Според нашите информации, очната болница на Промедика, која е во склоп на медикал центар поликлиника Промедика и се наоѓа во строгиот центар на градот Скопје кој што не може ниту еден инспектор или било кој вработен во министерството да ја промаши, функционира и врши дејност оперативни зафати, без потребни лиценци кои што мора да ги има согласно Законот рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Свесно или не, поликлиниката медикал центар Промедика го прекршува Законот за здравствена заштита, каде што здравствена дејност во Република Македонија може да вршат и приватни установи кои работат врз основа на добиена лиценца (член 13 став 3) и кои што може да вршат услуги од областа на секундарното здравство како специјални болници (член 36). Според нашите информации кои што ги имаме и ги поседуваме, инспекторите од Здравствениот инспекторат уште пред неколку години донеле одлука за затворање на оваа очна болница која што работи во склоп на поликлиниката Промедика, која работи под неколку имиња или правни подсубјекти, кои што може да се видат и по рекламите дали по социјалните мрежи и медиумите. Но, корумпираноста на институциите и кадрите со кои што раководи СДСМ го спречува затворањето на болницата и овозможува нелегално и диво работење и оперирање во оваа иста болница вели Арсовски.

Тој рече дела власта треба да одговори на неколку прашања.

– Дали директорката на Здравствениот инспекторат Ирина Бухова и претходно Министерството ја штитат оваа болница од затворање и прекинување на нејзиното нелегално работење и практично нелегално вршење на дејност и оперативни зафати? Дали оваа очна болница во склоп на Промедика работи нелегално без добиените потребни лиценци односно без потребните лиценци кои што ги нема добиено бидејќи не ги исполнува сите услови?Ако работи нелегално, кој би сносил одговорност доколку се случи пропуст или несреќен случај при некој од оперативните зафати? Многу важно прашање, дали и како наплаќа оваа очна болница на Промедика односно поликлиниката Промедика за услугите во очната болница, за оперативните зафати, од едноставна причина што доколку нема лиценца за вршење оперативни зафати, не е даночен обврзник и практично дали од тука потекнува и произлегува најтешкото економско кривично дело, затајување данок и перење пари реле портпаролот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ