Арсовска Томовска се сретна со израелскиот амбасадор Дан Оријан

Од:

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска имаше работна средба со Дан Оријан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија и со почесниот конзул Градимир Шумковски.

Средбата, како што соопштија од МИОА, била посветена на можностите за остварување заедничка соработка меѓу Израел и Македонија во однос на проектите за развој на информатичкото општество, со оглед на тоа што, како што посочуваат оттаму, Израел како високо развиена технолошка земја поседува голем број акцелератори, истакнати образовни институции од светски ранг итн.

Арсовска Томовска, меѓу другото, го запознала амбасадорот со проектите на МИОА за развој на ИКТ уште од најмала возраст, како и организирањето најразлични натпревари и хакатони за поттикнување на натпреварувачкиот дух кај младите. Израелскиот амбасадор Оријан, пак, ги премел искуствата на неговата земја во однос на овие теми.

Соговорниците се согласиле дека постои одлична можност за соработка на билатерален план, и поддршка на тековните и идните проекти на Министерството за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски