Арсовска Томовска на Форум во Париз

Од:

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска во Париз учествуваше на меѓународниот Форум на високо ниво, насловен „Дигитални вештини и мобилно учење за инклузивен и одржлив развој“, во организација на УНЕСКО и на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), а во соработка со УНХЦР.

Форумот, што се одржа во рамките на „Неделата на образованието“, третираше политики од доменот на мобилното учење, односно нивната улога во поттикнувањето на иновативноста во образовниот сектор и стекнувањето на е-вештини.

Учесниците, министри за информатика и за образование на држави од сите континенти, како и претседатели на одбори или извршни директори на најголемите телеком оператори разговараа за дигитална писменост, унапредување на е-вештините и иновативноста во образовните процеси, како и за начините за постигнување на целите на Обединетите нации за одржлив развој, а особено на четвртата развојна цел: „Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите“. Во таа насока, се разговараше и за модалитетите за обезбедување можности за пристап до информации, содржини и образование за бегалците долж бегалската рута.

Арсовска Томовска, информираат од МИОА, се обрати на сесијата посветена на начинот на кој е-вештините можат да придонесат кон социо-економска инклузија, со посебен акцент на отворањето нови можности за вработување на младите.

– Посветени сме на обезбедувањето инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите. Во таа насока, преземени се низа активности за имплементирање на адекватни системи за управување со учењето, рекла Арсовска Томовска, посочувајќи го воведувањето на таканаречениот „лејтнер модел на едукација“, односно системот „микроучење“ за јавната администрација, воведувањето на предметот алгоритамско размислување како основи на програмирање и работа со компјутер за учениците од третите одделенија, ваучери за компјутери и бесплатни интернет клубови итн.

На сесијата свои обраќања имаа и министрите за образование/ИКТ на Русија, Турција и Финска.

„Неделата на образованието“ во Париз, во чии рамки се одржа Форумот, како и преку 70 панел сесии и дискусии, е предводник на конференцијата на УНЕСКО за ИКТ и образование.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on