Арсовска, спротивно на протоколите, без маска одржува состаноци во затворени простории

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска оди на состаноци во затворени простории и не носи маска, а фотографиите на кои е очигледно прекршувањето на протоколите за заштита од Ковид – 19, ги објавува на „Фејсбук“.

Според важечките протоколи за заштита од коронавирус на сила е задолжително носење маска во затворени простории, но од фотографиите што ги објавила кандидатката Арсовска се гледа дека маските, место на лице, на учесниците на состанокот им стојат на маса. Фотографијата е од состанок со Занаетчиската комора, а Арсовска ја објави на „Фејсбук“ вчера.

За фотографии објавени на социјалните мрежи во јануари годинава, за неносење маски и неодржување дистанца, кривична пријава добија функционери од ДУИ кои во новоотворените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети. МВР ги казни сите по 20 евра за неносење маска по објавата на фотографиите.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски