Арсовска: Со промена на проектот за улицата Васко Карангелевски, вреден над 77 милиони денари зачувуваме над 100 дрвја и ја реализираме реконструкцијата

Од:

Дрворедот на улицата Васко Карангелески ќе биде целосно зачуван, претходниот проект со реконструкцијата предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица. Со новиот проект ќе се зачува целото зеленило и ќе се посадат нови 30-тина дрвја, истакна во денешната изјава градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Првичниот проект на улицата предвидуваше целосно отстранување на над 100-тина дрвја за да може да се изврши реконструкцијата. Се направи промена на планот како да се зачува дрворедот и да се зголеми бројот на дрвја и на овој потег. Дрворедот пред пензионерскиот дом ќе биде целосно зачуван, над 100-тина дрвја стари 100-тина години на овој потег ќе ги зачуваме, а веќе беа пресадени 16-тина здрави дрвја заедно во соработка со Општина Аеродром, истите се веќе пресадени на потегот кај основното училиште Љубен Лапе, “, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешниот увид на градежните работи.

Арсовска истакна дека барањето да се отвори оваа улица и да се реконструира овој потег е на барање на голем број граѓани кои гравитираат на овој потег и голем број на јавни објекти кои се во интерес на граѓаните, со кое решение би се растеретил сообраќајот на овој потег.

„Вредноста на улицата е 77.5 милиони денари, а рокот за изградба на улицата во должина од еден километар е 2023 година, чија реконструкција ќе биде и реализирана од страна на Градот Скопје, добиваме голема поддршка од граѓаните за реконструкција на улицата и со новата промена на проектот успеавме да направиме заштита на дрвјата“, истакна Арсовска.

За градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски измената на проектот значи многу за граѓаните на Аеродром, како и дека досега за само неколку месеци се засадени над 400 нови садници за зголемување на зеленилото во општина Аеродром.

– Јас и градоначалничката Арсовска сме апсолутно посветени кон реализација на нашите ветувања. Поврзано со овој проект, ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија, токму тоа го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, како што објасни градоначалничката Арсовска требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени. Во однос на нашите заложби поврзани со засадување нови дрвја, морам да истакнам дека во последните неколку месеци, од месец ноември, на територија на општина Аеродром имаме над 400 нови садници, што значи дека ние работиме посветено на нашите ветувања. Овој проект е од огромно значење што обезбедува сериозно сообраќајно решение, бидејќи сите сме свесни за сообраќајниот хаос во кој што е оставен градот. И тука е потребно да се реализира, ќе се реализира согласно нов проект, а граѓаните на крај ќе бидат сведоци дека дрвјата и овој многу значаен дрворед за дел од општина Аеродром, каде што јас самиот имам израснато целосно ќе биде спасен и ние го реализираме сето она што заедно со градоначалничката Арсовска во текот на кампањата го имаме ветено – изјави Муцунски.

Директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски посочи дека стручни лица од Градот и ЈП Паркови и зеленило извршиле увид и проценка, според која само диво израснатите дрвја штетници биле отстранети.

– Поврзано со сечењето на 10-те дрвја мораме да потенцираме дека тоа се десет диво израснати дрвја, кој што беа на неодредена површина. Морам да напоменам дека се што е сечено претходно е по налог на претходната градска власт. Пред да бидат исечени овие дрвја, екипи излегоа на терен за проценка и мора да се знае дека покрај тоа што тие дрвја се диво израснати имаат и специфична коренова структура и имајќи предвид дека станува збор за кисели дрвја кои се штетници и имајќи предвид дека тука минува подземната инсталација, едноставно не можеше да бидат пресадени – изјави Сотировски.

Би можело да ве интересира

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека водат политиката на инает со граѓаните