Арсовска: Шилегов го направи ЈСП Скопје загубар, се потсмева на интелигенцијата на скопјани, прашајте го каде ги потроши парите

Од:

На денешната прес конференција на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, во врска со финансирањето на јавниот превоз, посочи дека ако се погледне финансиската состојба на јавното претпријатие тоа е во загуба последните шест месеци за 139 милиони денари, значи таму како што вели гледаме бројни непродуктивни трошења, а од друга страна и јавното претпријатие и градот Скопје се задолжени, имаме задолжување зголемено за две години од половина милијарда, што е скок за цела милијарда од претходното задолжување, па треба да се внимава како се трошат парите на граѓаните, за да бидат вратени кај нив како добробит.

Арсовска за јавниот бесплатен превоз рече дека таа зелена трансформација за која се достапни многу фондови, а постојат многу концепти како истото функционира во европските градови, а може да се направи и во Скопје да функционира, брзо и сигурно, без грешки и чекање.

-Овој проект којшто го видовме сега со којшто некој сака да раскажува дека е нешто кое ќе го реализира, очигледно дека се потсмева со интелигенцијата на скопјани затоа што не го објаснува добро и не ги кажува импликациите кои може да настанат, со реализација на овој проект ќе изгубат директно во прва фаза 70 милиони од своите средства, рече Арсовска.

Таа исто така посочи дека градот има лошо менаџирање во врска со јавното претпријатие за превоз на скопјани и колку и да му се даде средства на лошиот менаџер тој пак ќе биде загубар, и да знаел некој како да менаџира во оваа ситуација немало да биде вака, но во овој момент нема ни бесплатен јавен превоз, а јавното претпријатие е загубар.

Арсовска исто така им посочи на новинарите на прес конференцијата дека треба да отидат и да го прашаат Петре Шилегов каде е тунелот под Калето, зошто Треска не е вратена на граѓаните и да се осмелат да ги постават прашањата на некој имал шанса да покаже на скопјани дека може да биде подобро, а не го направил тоа.

-Зборуваме за некој кој го имал буџетот на Скопје во свои раце за да направи нешто, а не направил ништо, прашајте каде се трошат парите на граѓаните, помогнете им на скопјани да ја видат реалната слика, одговори Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК