Арсовска: Правиме чуда за Скопје со малку пари иако партиските лидери ги саботираат процесите

Од:

Блокирањето од советниците не ме спречува мене како градоначалник и јас ќе продолжам да работам, порача Данела Арсовска пред седницата на Советот на Град Скопје, обвинувајќи ги дека неколку месеци ги блокираат одлуките со кои им се скратуваат права на граѓаните.

– Ова блокирање поради инаетот на партиските лидери кои ги саботираат процесите во Скопје, не овозможува граѓаните да ги добијат своите права. Граѓаните треба да знаат дека Скопје има оперативен од околу 70 милиони евра, додека метрополите од регионот почнувајќи од Белград имаат над една милијарда евра буџет. Тие можат да прават и чуда, но јас сметам дека со премногу мал Буџет и премногу ниско ниво на децентрализација и сепак го даваме нашиот максимум и правиме чуда во Скопје среде енергетска криза- истакна градоначалничката.

Арсовска рече дека советниците треба да се вклучат во целиот процес на набавки на нови автобуси и да одлучуваат за граѓаните, но малку побрзо за да почнат процесите во Скопје.

– Влегуваме во четвртиот месец од годината, а нема одлуки. Како Градот да носи одлуки и да постапува кога Советот на Градот четири месеци не носи одлуки. Граѓаните не можат да набават велосипеди со субвенции, не можат да го користат правото на алтернативен начин на греење. Апелирам до советниците да ги надминат партиските интереси – рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски