Арсовска постави нови директори на скопските јавни претпријатија

Од:

Неколку скопски јавни претпријатија денеска добија нови директори информираат од Град Скопје.

Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

-Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства се вели во соопштението од Град Скопје.

Пешева, Саид, Петревски, Зухејр и Кузинаков доаѓаат на местата на директорите од ВМРО-ДПМНЕ а кои се поднесоа оставки.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација