Арсовска: Педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот сѐ додека самите советници не ја изгласаат

Од:

Педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот сѐ додека самите советници не ја изгласаат, одговори денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на новинарско прашање, како го коментира тоа што, „Советот одби да ги одобри тие 50 автобуси што му се потребни на градот и дали можеби повторно ќе повлече иницијатива да се стави на Совет таа точка“.

– Тоа ќе биде точка на дневен ред секоја седница на Советот, сѐ додека самите советници не ја изгласаат. Од причина што, за тоа, граѓаните гласале на овие избори. Граѓаните сметаат дека е потреба. Не само да се реформира јавниот превоз, туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки. Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира. Сите коишто декларативно кажуваат дека ги поддржуваат, програмата за модерно Скопје, овие еколошки автобуси, реформата на јавниот превоз, сметам дека тоа треба да го докажат и во пракса. А доколку не го направат тоа, одговорноста ќе биде исклучиво кај нив, нагласи Арсовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он