Арсовска нема да набави нови еколошки автобуси, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не ја поддржаа одлуката за задолжување

Од:

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ гласаа воздржано по предлогот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за задолжување за набавка на еколошки автобуси. На денешната седница советниците од двете најголеми партии има идентичен став да не го поддржат предлогот за земање заем од 10 милиони евра со кој Арсовска предлага да се набават од 35 до 50 нови еколошки автобуси за ЈСП.

Советниците на ВМРО-ДДПМНЕ воопшто не дискутираа за оваа точка, додека од СДСМ потсетија дека постои проект на Бас рапид транзи и потенцираа дека во предлогот нема детали за набаката.

Арсовска претходно ги повика советниците да го поддржат предлогот за набавка на автобусите бидејќи како што рече тоа е дел од изборната програма за која гласале граѓаните на Скопје.

13 советници гласаа за предлогот на Арсовска.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски