Арсовска: Командирот на скопската противпожарна единица поставен од Шилегов се однесува шерифски, исплашени се

Од:

Синдикатот на пожарникари прифатија средба во нивните простории во Автокоманда. На состанокот сакав да презентирам дел од идеите, но од страна на командирот поставен од градоначалникот Петре Шилегов ми беше забранет влез или беше оневозможен пристап за надворешно лице. За мене ова е одраз на покажување на страв и е скандалозно, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција на поставено новинарско прашање.

Таа објасни дека со првиот синдикалец се видела надвор од просториите каде била информирана и за забраната за влез.

„За мене е зачудувачки како некои луѓе се дрзнуваат да се однесуваат шерифски. Добра организација на пожарникарите е многу важна бидејќи нуди сигурност на граѓаните во случај на пожари и на средбата требаше да ја презентирам мојата програма во тој сегмент“, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена