(ВИДЕО) Арсовска ги „тресе“ директорите кои заминаа: Не се плашам

Од:

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска смета дека има повеќе пријатели отколку непријатели. По кавгите со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, смета дека се бори со цела машинерија. Јавно им порача, дека не им се плаши.

„Искрено да ви кажам, во изминатите месеци многу работи се случуваа. Се соочувам со една машинерија и луѓе на кои не им е мило што се разобличува сето она што сакале да кажат дека друг го прави во изминатиот период. Затоа верувам дека што се однесува до мене, не се плашам. Дали планираат да преземат нешто или не, тоа оставам на нив“, посочи Арсовска.

Откако директорите на „Лајка“, „ЈП Градски паркинг“, „Дрисла“ се повлекоа од функциите, а беа оставени од нејзе, Арсовска најавува ревизија и во овие институции.

„Имавме комуникации, сме соработувале. Не сакам да навлегувам во политичките пресметки во тоа што некој врз овие личности влијаел да преземаат постапки на начин што преземаа. Им посакувам се најдобро во животот. Се надевам дека ќе останат доследни, дека си ја работеле работата професионално за која им била дадена доверба. Ревизијата ќе покаже што се случувало внатре во институциите“; кажа Арсовска.

Во сите јавни претпријатија, вклучувајќи го и „Водовод“, претпријатие за кое е најавено раскинување на 100 договори, Арсовска посочи дека се проверува и дали се запазени процедурите за вработување, исто како што се проверува и кој работел, а кој не.

„Јас пред неколку месеци кога сите бевте сведоци за вработувањето на лицата во Комунална хигиена кои земале пари без да си ги извршуваат обврските, покренав иницијатива во сите јавни претпријатија да дадат извештај колку и во која мера тие сите ги почитуваат овие принципи. Она што го видовме изминатите денови дека се застанува во одбрана на нешто што е неодбранливо. Тоа е: не се поставува прашањето како за толку кратко време, без критериуми се вработуваат стотина лица во едн од јавните претпријатија. Тоа е предмет на ревидирање. Тоа ќе докаже и покаже кои биле целите за вработувањата и потребите. Резултатите ќе ви ги презентираме“, додаде Арсовска.

И на новите вршители на должноста директор им испрати порака.

„Секаде во јавните претпријатија, каде директорите земале обврска да работат транспарентно и одговорно, каде ги штитат интересите на граѓаните, а некој ги коси тие принципи, ќе си види дека нема да дозволиме дека граѓаните кои не си ги вршат обврските и не се појавуваат на работните места, нема да земаат плата и да го оштетуваат буџетот“, посочи Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација