Арсовска до директорите: Добивте понуда да дадете оставка или да ве разрешам

Од:

Препукувањата помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорите на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски, како и на „Дрисла“ Јане Мицевски, продолжија преку социјалните мрежи. По нивното повлекување од директорските позиции, поради како што велат, незадоволство од работата на Арсовска, градоначалничката им одговори дека и без да дадат оставки, ќе биле разрешени.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани“, посочи Арсовска.

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието.

„Морам да истакнам дека градот Скопје е комплексен систем на институционално управување во кои се испреплетени повеќе фактори. Тимската работа на градоначалникот и јавните претпријатија е неопходна, токму затоа нарушената координација е сериозна опасност за непречено функционирање на скопската локална самоуправа, а тоа е секако на штета на граѓаните. Дополнително вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на Град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните“, стоеше во дел од неговото објаснување.

По него, оставка даде и директорот на „Дрисла“, Јане Мицевски.

„Секој индивидуален успех на било кое претпријатие не е целосен доколку истото не добие потркепа од колективитетот во кој Дрисла мора да функционира, а тоа е Градот и нејзиниот прв човек. Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, напиша тој.

Препукувањата на релација Арсовска – директори на претпријатија започна вчера. Таа го разреши директорот на „Водовод“, Златко Перински, поради нетранспаретност.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација