Арсовска бара да се врати спомен обележјето на Ќосето

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето.

„Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек. Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство. Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана. Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Судот спротивно на Арсовска, констатира долг кон приватниците

Градот Скопје е напуштен, без управа вели Ковачевски

Славевски ќе ја тужи Арсовска: Ме обвини дека фалсификувам, подобро да не дојдеше, ја отру атмосферата

Орце Костов

Андоновска: Арсовска шест месеци по ред не доаѓа да одговара на советнички прашања

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

Арсовска најави голема акција: Во Скопје ќе се садат нови дрвја

А1он