Пендаровски: Армијата не добила барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

Од:

Армијата не добила барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата.

-Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на пригодна поштенска марка по повод јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Да дошло такво барање, потенцира претседателот, јас ве уверувам дека тоа во сред ноќ ќе било одобрено.

-И тука не зборувам само за хеликопери и армиски единици кои се специјализирани за настап на планински терени во тешки временски услови, рече тој.

Вчера лекар од Кратово и соопшти на јавноста дека интервенирал да спаси овчар од планински предел во Кратово, а за оваа акција не добил никаква помош од надлежните кои си ја префрлале одговорноста едни на други.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска, призна вина откако и беше преквалификувано делото