Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Од:

Македонската армија и Министерството за одбрана ќе се опремуват со 2.000 нови фиксни телефони од американскиот производител на телекомуникациска опрема „Сиско системи“.

Новата јавна набавка која ја договори Министерството за одбрана со носителот на набавката „Телелинк бизнис сервисис дооел Скопје“ ќе ја чини државата 1,5 милиони евра.

Ќе се набават вкупно 2.000 телефонски апарати според НАТО-стандардите и од нив 200 телефони според спецификацијата се со видео и аудио врска и тие ќе чинат 100.000 евра. Останатите 1000 телефони се по цена од 13.567 денари, 800 телефони се по цена од 14.794 денари.
Според договорот за набавка на опремат од „Циско“ ќе се набават видео/аудио телефонски централи со лиценца, конференциски системи, медиа гетвеј системи, персонални видео конференциски уреди, телефони, блу-тут слушалки, видео-аудио телефонски уреди.

Согласно со потребите на АРМ, на Генераштабот и на ресорното министерство дел од новата телефонска опрема ќе биде за заштитена телефонска мрежа, а дел за некласифицирана телефонска мрежа.

Цела опрема ќе се набави од познатиот американски производител „Сиско системи“ кој ги исполнува стандардите пропишани од НАТО алијансата каде што членува и нашата земја.

Би можело да ве интересира

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија