Арифи: Банките да најдат модел за исплата на пензиите за да не се прават гужви

Од:

Во Полошкиот регион 19 од вкупно 37-те случаи на лица заболени од коронавирус во регионот се од Тетово, објави денеска Кризниот штаб на општина Тетово.

Во Боговиње има 7, Брвеница и Теарце со по 5, а во општина Желино има едно лице заболено со КОВИД-19. Општина Јегуновце нема заболени.

„Кризниот штаб формиран во рамки на општина Тетово уште еднаш ја повикува Народната банка да упати инструкции до сите банки во општина Тетово за да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модел на работа за исплата на пензиите, така што возрасните лица да не се собираат пред влезовите на банките“, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа информира дека во градот продолжува дезинфекцијата и дератизацијата.

Општината уште еднаш ќе отвори повик и до сите маркети кои имаат целосна документација за својата работа и повеќе од двајца вработени до среда во 12 часот да можат да носат намирници за време на полицискиот час. Целта е сите граѓани навремено да бидат опслужени не само во градот, туку и по селата од општината.

Арифи упати и апел до граѓаните да ги следат официјалните информации за коронавирусот.

„Ова се моменти кога треба да бидеме истрајни во почитувањето на мерките што ги носат одговорните – Владата и Министерството за здравство. Да не подлегнуваме на лажните информации, туку да се раководиме по официјалните податоци“, истакна Арифи.

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Тетовка излажала познаник дека ќе се венчаат, па го ограбила

Горан Наумовски