Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен, покажал увидот на комисијата

Од:

На барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска беше извршен увид во Државниот Архив. Во увидот учествуваа и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски и заменик директорот на Државен Архив, Музафер Бислими со својот стручен тим.

Комисијата, предводена од министерката Зорица Апостолска констатираше дека дел од архивскиот материјал од прва категорија, од најголемо национално и историско значење, освен во просториите на новото, се наоѓа и во старото депо.

За време на увидот е констатирано дека во новата зграда на архивот архивскиот материјал не е оштетен од неодамнешните поплавувања на објектот, ниту пак директно е загрозен и дека е целосно заштитен во непропустливи метални сефови.

Дополнително од увидот е заклучено дека има потреба да се направи дополнителна проценка на состојбата на микрофилмуваниот архивски материјал, со цел да се утврди дали има потреба од негово преместување во старото депо.

Со увидот е констатирано дека е потребна итна санација на покривот на зградата, со што ќе се спречат понатамошни поплавувања на објектот.

Владата на Република Македонија го повторува ставот дека наскоро ќе се донесе конечна одлука во насока на трајно решение околу наследената ситуација со зградата на архивот и нејзината комплетна нефункционалност, се вели во соопштението на Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Ревизорите открија неправилности во работењето на Државниот архив

Горан Наумовски

Државниот архив ја отвори изложбата посветена на 110 години од Македонскиот фронт

А1он

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Ана Ололовска