А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Археолозите работат на два локалитета на експресниот пат Штип – Кочани

by А1он21/06/2019 - 17:362005
Share0

Тим од археолози од Штип, Скопје и Прилеп веќе неколку дена работат на доцноантичкиот локалитет Долченица, кај селото Жиганци, каде што поминува трасата на експресниот пат од Крупиште кон Кочани.

Добивај вести на вибер

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип Митко Штерјов изјави дека веќе откриле дел од некрополата во која биле погребани двајца великодостојници, најдени се керамички предмети и монети од средината на четвртиот век. Имале среќа, рече, што локалитетот и некрополата не биле нападнати од дивите копачи.

-Оваа е малку поголема гробница и веќе се гледа дека можеби има уште еден гроб во неа. Инаку во доцната антика имаме такви примери каде што има двојни погребувања во една гробница. Тоа не е некоја новина, но сепак податок повеќе се наодите што ги најдовме, бидејќи овој гроб не е работен претходно од дивите копачи, рече Штерјов.

Тимот ќе го продолжи истражувањето и на локалитетот кај селото Соколарци, каде што поминува овој екпсресен пат. Рокот за завршување на истражувањата на овие два локалитета е 40 дена.

Активностите на терен, рече Штерјов, чинат околу три милиони денари, а ги финансира ЈП за државни патишта. Овој терен во близината на Крупиште е богат со локалитети, почнувајќи од праисторијата, а на неколку километри се наоѓа и локалитетот Кале, односно градот Равен, каде што е напишана глаголицата. Ваквите тврдења со археолошки истражувања и наоди ги има дадено академик Блага Алексова.

Минатата година археолозите од Музејот во Штип, но и од други институции, работеа на археолошки истражувања и на ексресниот пат Штип – Радовиш.

kocanimakedonijastip

Би можело да ве интересира

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен