АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

Од:

Одлуката на Албанскиот парламент да ја укине забраната за приредување игри на среќа, што беше воведена во 2019, треба да биде патоказ за Македонското собрание, но и за техничката Влада, велат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа. Уште повеќе затоа што ваквата одлука во Албанија е донесена на предлог на Европската комисија, со цел справување со дивите играчници, враќање на буџетски приходи и обезбедување на транспарентност во секторот игри на среќа. Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја најави ваквата одлука уште во октомври 2022.

„Албанија не е единствената земја која треба компаративно да се анализира по прашањето на односот на државни институции кон секторот игри на среќа. Имено, на 29 јануари 2023, на референдум организиран од Кнежевството Лихтенштајн, 72% од нивните жители со одлучно гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на тамошните казина. И во Грција беа забранети игрите на среќа. Кога Грчките власти увидоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата.

Актуелната регулатива во Северна Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа со години укажуваме на надлежните државни институции дека дистанцата на 500 метри од образовните институции е одредба за затворање на легалните објекти за игри на среќа. Теренската анализа упатува дека дислоцирање на еден објект на 500 метри од една образовна институција, заради урбанистичкото планирање го поставува истиот објект на дистанца помала од 500 метри од друга образовна институција. Затворањето на легалните објекти автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци. Апсурдно е да се тврди дека воведувањето дистанца е да се заштити младината а во исто време државата основа платформи и компании за онлајн игри на среќа кои преку интернетот се достапни секаде и на секој уред.

Процесите во Албанија, Лихтенштајн и Грција ги рушат тезите на домашните критичари на игрите на среќа. Европјаните не прифаќаат дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со нивно затворање, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците за алкохолни пијалаци.

Погрешен е впечатокот дека ние однапред сме против законски измени, туку сме против популистички, политички и бизнис мотивирани одлуки кои практично се косат со Уставниот поредок. Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ и сметаме дека со нашето практично искуство можеме да дадеме свој придонес во еден широк консултативен процес во кој ќе учествуваат сите засегнати страни и конечно ќе се дојде до законски решенија кои ќе дадат одговори за грижите на граѓаните, наместо да создадат хаос и безредие со крајно штетни последици, кои многу тешко ќе се санираат.

Сите околности одат во насока на потребата Техничката Влада да ги повлече противуставните и скандалозни уставни измени со ЕУ знаме. Секој евентуален обид со мнозинство од 61 пратеник повторно да се изгласаат овие измени ќе значи дека законодавниот дом нема слух за оправданите забелешки на ЕУ и работи против Европските перспективи на земјата“, се вели во соопштението на АПИС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање