Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Од:

Апелацискиот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“. Судија известител за предметот е Тања Милева.

Кривичниот суд на 8 март му определи притвор на Мијалков на барање на специјалното јавно обвинителство. Судечкиот совет на скопска единица го осуди Мијалков на казна затвор од 3 години. Казна затвор од 3 години и два месеца добија лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, кој беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание. За Мијалков има жалба до Врховниот суд за укинување на мерката куќен притвор за предметот „Империја“ по начелното правно мислење на највисокиот суд, но судот сè уште донел одлука.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески