Апелација им ги намали затворските казни на осудените за „27 април“

Од:

Апелациониот суд донесе пресуда по жалбите на осудените за настаните од 27 април, односно, упадот во Собранието на Република Македонија. Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди.

Судот донесе одлука да им ги намали казните на обвинитетите, па така екс директорот на БЈБ, Митко Чавков кој беше осуден на 18 години затвор, казната му е преиначена за две години помалку, односно изречени му се 16 години затвор.

На полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски кои добија по 15 години затвор, казните им се намалени за 2 години, односно апелација одлучи тие да се осудени на казна затвор во траење од 13 години.

Александар Николовски-Нинџа кој беше сведок на обвнителството за настаните од 27 април, казната му е намалена за една година, односно е осуден на 7 години затвор. И на Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор казната му е преиначена и треба да одлежи 11 години затвор. Слично како и останатите и на Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор казната му е намалена на 13 години затвор.

На обезбедувачот во Собрание, Абдуљфета Алими казната од 7 години му е намалена на 6 години. На Обвинетиот Јане Ченто, Апелација му ирече казна од 13 години, односно две години помалку од казната која ја изрече Кривичниот суд.

Игор Југ и Вилијам Михајловски исто како и Нинџа добија намалување за една година. Никола Митревски-Кољо кој беше осуден на казна затвор од 15 години, Апелација ја преиначи во 14 години затвор. На обвинетите Младен Додевски, Горанче Ангеловски и Влатко Трајковски казната им се намалува за 1 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески