Апелација ја потврди пресудата од 20 години затвор за кавадарчанецот Хамза Сафет за убиство

Од:

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата од 20 години затвор за кавадарчанецот Хамза Сафет за убиство, донесена од Основен суд Кавадарци, потврди денеска за МИА, претседателот на Судот, судијата Лазар Нанев.

Според пресудата на Основен суд Кавадарци, кавадарчанецот е виновен за кривично дело „убиство”. Тој е роден 1976 година во Неготино и бил осудуван и досега. Во пресудата пишува дека е виновен, бидејќи на 15 ноември 2021 година, околу 23.30 часот, во дворот пред куќа во Кавадарци, убил едно лице, кое пристапило да раздели двајца во меѓусебна тепачка, од кои едниот бил токму обвинетиот. Обвинетиот, со голем кујнски нож долг 31 сантиметар, со остро рамно сечиво долго 16 сантиметри и широко 3,3 сантиметри, со дрвена рачка замотана со црна трака за изолирање, го прободел лицето што се обидело да ја прекине тепачката меѓу обвинетиот и друго лице.

– Свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со што му задал повреда – убодна рана во срцето со должина од 18 сантиметри, а од која починал на пат до Службата за итна помош при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, пишува во пресудата.

Оштетените, за остварување на своето оштетно побарување, се упатени на граѓанска парница.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он