Апел да не се пали оган на отворено, годинава опожарена површина од 14 илјади хектари

Од:

Земјоделците да не ги палат стрништата и сувите остатоци по дворовите и сите да се воздржат од какво било палење оган на отворено, апелираа денеска министерствата за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму бараат граѓаните да се однесуваат одговорно на отворено со цел да се даде максимален национален придонес кон намалување на заканите од пожари кои во периодот беснееат на целата територија на државата.

Според податоците од ЈП Национални шуми, годинава е опожарена вкупна површина од над 14 000 хектари.

Со оглед дека пожарите имаат сериозни негативни последици не само за шумскиот фонд, туку влијаат и на квалитетот на воздухот, на животот и здравјето на луѓето, на биодиверзитетот и на целокупните климатски промени од министерствата напоменуваат дека сите сторители ќе бидат казнети согласно со пропишаните законски одредби кои предвидуваат соодветни казни за физички и правни лица.

Би можело да ве интересира

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба