Апасиев: Уставните судии да не се плашат пред налетот на необалистичките пискотници

Од:

Фејсбук објава на лидерот на Левица, Димитар Апасиев:

„т.н. „Закон за јазици“ со кој, на истиот постоечки Устав, после 20 години, илегално и насилно се воведе противуставна двојазичност мора да биде поништен!

Од стручен аспект, формално-правните причини (без да навлегуваме во материјална расправа) се следниве:
1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;

2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;

3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;

4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);

5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа!

Оттука, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не да бидат уплашени пред налетот на необалистичките пискотници! Оти, како што вели професорот од Универзитетот во Гент – Ван Кенеген: „Па, каква корист имаме ние од судиите ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!?

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски