Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски

Од:

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со статус на социјалните мрежи реагираше за последните приведувања на полициски службеници, поврзани со трагедијата во Кочани.

„Сите наведени валкани полицајци од кривичната пријава на Левица против премиерот Мицкоски се уапсени. Вака ли “се беше чисто” и никого не штитевте за трагедијата во Кочани!?”

Во својот статус, претседателот на Левица јавно ја прозва власта зошто дури после три месеци постапува и праша колку докази се уништени во меѓувреме.

„На 28 мај, пратеничката група на Левица поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата“, поврзано со трагедијата во Кочани. Во поднесената кривична пријава, Левица наведе повеќе функционери кои не беа опфатени тогаш во истрагата. Меѓу нив беа началничката на ОВР Кочани, началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, началникот на СВР Штип, главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, сменоводителот во ПС Кочани, сопственикот на приватната агенција за обезбедување и директорот на ДПИ, Влатко Стојковски“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола