Апасиев, и по пет години, не го менува ставот: Тимчо Муцунски е незаконски назначен за асистент докторанд по римско право

Од:

Димитар Апасиев, лидерот на Левицата и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и по пет години, останува на ставот дека Тимчо Муцунски, актуелен меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, е незаконски назначен за асистент докторанд по римско право. Апасиев во 2015 година поднесе приговор на објавениот реферат за избор на Муцунски за соработник во соработничко звање асистент докторанд на научната област римско право (реторика и правна реторика) и набрoи низа прекршувања на важечките прописи занемарени од тогашната управа на Правниот факултет „Јустинијан Приви“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Главни забелешки во приговорот од Апасиев беа тоа што Муцунски нема завршено втор циклус студии од соодветната област римско право, до 2015 година никогаш не бил ангажиран како демонстратор или помлад асистент во областа за која се предлага, Правниот факултет не донел интерен акт за држење настава од страна на оваа категорија соработници, нема валиден доказ за познавање англиски јазик и иако навел, Муцунски никогаш не добил награда „Златен Цицерон“ ниту, пак, учествувал на Ораторските вечери.

„Сите забелешки што ги наведов со записници ги прикри Африм Саљиу“, вели Димитар Апасиев

„Останувам зад сè што е кажано во приговорот. Сè е апсолутна вистина, но иако сè што е напишано е точно, Муцунски си работи на Факултетот, заврши и докторски студии. Дадоа некој непотполн одговор на приговорот, со што беа исцрпени сите правни можности за реакција по рефератот, нема друга правна можност да се оспори звањето. Сите забелешки што ги наведов со записници ги прикри Африм Саљиу. Тој оцени дека сè е во ред. Него го бидува со секоја валст, еднаш работи за СДСМ, еднаш за ВМРО. Рефератот не е поништен и сè е по заслуга на Африм Саљиу“, вели Апасиев за „А1он“.

Африм Саљиу и сега е раководител на сектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во предучилишно, основно, средно, високо и друго образование во Државниот просветен инспекторат, каде што Апасиев повел постапка за оспорување на рефератот со барање за негово поништување. Саљиу не одговори на прашањата од „А1он“ за преземените мерки по барањето од Апасиев, а Државниот просветен инспекторат преку барање за пристап до информации од јавен карактер го испрати до „А1он“ извештајот од направениот инспекциски надзор. Во него стои дека надзорот го направиле раководителот Африм Саљиу и инспекторот Предраг Илиески, кои утврдиле дека одлука за вработување асистент на научна област римско право имало во 2012 година, а нејзината важност со посебно барање била продолжено до 2015, кога бил вработен Муцунски. За вработувањето, но и за приговорот од Апасиев се произнела рецензентската комисија, односно Владо Бучковски, Гоце Наумовски и Есин Кранли Бајрам.

Тимчо Муцунски не сакаше да ги коментира наводите на Апасиев

Во извештајот од Државниот просветен инспекторат е наведено дека не се констатирани неправилности во постапката и така е заклучен предметот.

За приговорот од Апасиев не сакаше да разговара и Тимчо Муцунски, кој лани стана и доктор на науки. Тој четири месеци не одговори на прашањата што „А1он“ му ги испрати и на службената и на приватната е-адреса, а во кус телефонски разговор вчера рече дека не сака да даде официјална изјава.

За приговорот на Апасиев одлучи да молчи и Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“. И тој не одговори на прашањата од „А1он“.

Апасиев и Муцунски се кандидати за пратеници во изборната единица еден. Апасиев е носител на листата пратеници од „Левица“, а Муцунски е втор на листата предложена од ВМРО – ДПМНЕ, веднаш зад Гордана Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Ванковска: Она што е наречено дебатата всушност не беше претседателска дебата

Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија ресенчани

Орце Костов

Ванковска од Битола: Ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Од тука тргнуваме, тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Левица: Бугари во Устав е предавство, на денешен ден започна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”