Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба.

Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник.

Тогашното раководство на Министерството за правда експресно го прифатила ваквото барање и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата ја стави во мирување.

На овогодишните парламентарни избори тој повторно е избран за пратеник, со што стариот мандат за народен избраник му истече, а верификуван му е нов.

Донесеното решение за мирување на нотарската функција во 2016-тата на пратеникот е донесено врз основ на мандатот пратеник кои сега е истечен, односно почна нов, а ова е една од причините зошто од правда го разрешија од нотарската функција. Милошоски не поднел повторно ново барање на ставање во мирување на нотарската служба.

Дополнително, по добивање на неговата нотарска лиценца во 2016 години, Собранието го донесе и новиот Закон за нотаријат, во кој не постојат одредби според кој може да има „мирување во службата“. Исто така според истиот Закон, нотарската служба е неспојлива со вршење на друга платена јавна функција.

Сепак, Милошовски сега има законско право на ваквото решение на Министерството за правда да поднесе жалба, но има и можност да поведе управен спор пред Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски