Антонијо Милошоски пристина на распит во СЈО

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пристигна во СЈО на распит. Вчера во СЈО сведочеше Томе Аџиев, експретседателот на Комисијата за верификација на фактите.

СЈО во 2017 година отвори истрага наречена „Моќник“, за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко.

Истрагата се води против 13 лица, поради сомневање дека му нанеле штета на државниот буџет од околу 50.000 евра.

Покрај пратеникот, осомничени се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на Општината Македонски Брод.

Истрагата на СЈО за „Моќник“, во еден дел е за нарачаната лустрација кај тогашниот состав на Лустрациската комисија предводена од Томе Аџиев на кичевскиот судија Драган Билески.

Комисијата ја поништи одлуката од 2010 година за судијата Билески и донесе нова одлука дека тој бил кодош.

Прислушуваните разговори кои се водат помеѓу Томе Аџиев претседател на Лустрациска и пратеникот Антонио Милошоски, откриваат договор за лустрирање на Дрган Билески, судија од Основниот суд во Кичево.

Постапката ја иницирал Антонио Милошоски, кој го известил Аџиев дека ќе најдат некое лице, како трето лице-заинтересирано, што ќе поднесе барање, а Аџиев ветува дека ќе го средат судијата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Застарува предметот „Моќник“, обвинителство во завршен збор направи преквалификација на делото и за преостанатите тројца обвинети

Горан Наумовски

Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов