Антикорупциска: Советникот Усеини не може да добие тендер за уривање дивоградби од Охрид

Од:

Откако фирмата на советникот Нефи Усеини, се пријави на тендер за уривање на дивоградби во Охрид, од Државната комисија за спречување корупција велат дека лице кое има јавни овластувања, не може да воспостави деловни односи со фирма која е во негова сопственост. Тоа значи дека фирмата „Нефи ИК“ не може да соработува со Општина Охрид, бидејќи тој е член на општинскиот совет. Доколку тој го добие тендерот, тогаш договорот ќе биде поништен и неважечки.

„Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“, велат од ДКСК.

Усеини е советник во Општина Охрид, а истовремено и сопственик на дивоградбата кај Чинарот, како и дивоизградената бетонска база на стариот пат Охрид-Струга. Фирмата „НЕФИ ИК“ која се пријави на општинскиот тендер е исто така сопственост на Усеини.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски